Роден во Скопје во 1983 година. Во својот роден град го завршува основното образование, а во 1998 година се запишува во СЕПУЦ „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје, кое со одличен успех го завршува во 2002 година како правен техничар. Истата 2002 година се запишува на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои со висок просек на положени испити ги завршува во 2007 година.
Веднаш, по дипломирањето, во истата 2007 година, станува адвокатски приправник во Адвокатската канцеларија, а во 2010 година положува и правосуден испит. После положувањето на правосудниот испит во Канцеларијата се вработува како Адвокатски стручен соработник, а после успешното полагање на адвокатскиот испит во 2016 година пред Комисијата на АКРСМ, во 2017 година се вработува во Канцеларијата како Адвокат.
Во текот на својата кариера, најпрво како адвокатски приправник, па потоа како стручен соработник и адвокат, учествува на бројни семинари, конференции и професионални настани, а работи и на проекти како професионално ангажиран кадар.
Адвокат Иван Доневски, во своето работење, покажува лидерски и тимски способности, висока професионалност и исклучително висока стручност во своето работење, за што ужива посебен углед во својата професионална средина и помеѓу своите колеги и задоволни клиенти.
Адвокат Иван Доневски посебно е специјализиран во водењето на граѓански спорови и постапки и е виден стручњак во областа на граѓанското право.
Зборува Англиски јазик.
Живее и работи во Скопје.