Адвокатски приправник М-р Софија Волчевска е родена во Скопје, 1999 година, каде го завршува Основното образование во 2014 година. Истата година се запишува во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – правен смер, кое го завршува во 2018 година со највисоки оценки, како Правен техничар. Во академската 2018/19 година се запишува на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, кои ги завршува во 2021 година со висок просек на положени испити (8.7).

Во 2021 година, веднаш по завршувањето на додипломските студии, го продолжува своето образование на последипломски студии од областа на деловното право – насока трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, кои ги завршува со висок просек од 9.7 и одбрана на темата „Македонскиот пензиски систем“ во 2023 година, со што се здобива со научен степен – магистер по правни науки од областа на деловното право. Веднаш потоа, во академската 2023/2024 година, своето образование го продолжува и на докторски студии од областа на деловното право кои сеуште се во тек.

Својот ангамажн во Адвокатската канцеларија „Адвокат Владимир Бангиевски“ го започнува уште за време на своите додипломски студии во 2020 година, а по завршувањето на магистерските студии и официјално станува адвокатски приправник во Адвокатската канцеларија. Во моментов го подготвува својот Правосуден испит.

Од 2022 година е ангажирана и како соработник/демонстратор по предметот „Трудово право“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје каде учествува во едукација на студенти на додипломски студии.

М-р Софија Волчевска, во текот на својата досегашна професионална кариера учествувала на бројни семинари, конференции и други професионални и научни собири на национално и меѓународно ниво, а автор/коавтор е и на неколку научни и стручни трудови.

Зборува повеќе странски јазици, од кои највисок степен на познавање има на англиски јазик. Живее и работи во својот роден град Скопје.