Почитувани пријатели!
Адвокатската канцеларија „Адвокат Владимир Бангиевски“ е основана на 01.10.2003 година и веќе повеќе од две децении на своите клиенти им дава високо професионална правна помош и правни совети, од областа на граѓанското право, овозможувајќи им притоа на лесен и едноставен начин да ги реализираат своите правни потреби, обврски и интереси.
Тимот на канцеларијата целосно е ориентиран кон задоволување на потребите на своите клиенти, а своето професионално работење го заснова врз принципот на лојалност, чесност и отвореност кон клиентот, како и срдечност кон корисниците на правните услуги на Канцеларијата.
Информациите и услугите во врска со правните потреби, обврски и интереси на клиентите се добиваат на начин, кој е достапен и лесен за клиентот – а нашата цел е една и единствена – задоволен и успешен клиент!
Во своето работење, Адвокатската канцеларија соработува и со други адвокатски канцеларии, општествени чинители, како и со правни и физички лица и институции од областа на правосудството, постигнувајќи на тој начин, целосна посветеност и високо ниво на стручност во работењето.
Нашето мото во секојдневното работење е: FIAT JUSTITIA – PEREAT MUNDUS ! – Нека биде правда – па макар и Светот пропаднал!
Искрено,
АДВОКАТ М-Р ВЛАДИМИР БАНГИЕВСКИ