Правен консалтинг (правен совет и правно мислење) од сите области на правото (приватното и јавното право, граѓанското и кривичното право, работните односи и деловното право)
Административни услуги и административна поддршка на правните и физички лица, кај сите видови на административни процедури (пријави и одјави на вработени лица, административна постапка за вадење на потребна документација пред државните органи, вадење на изводи од матични книги, вадење на соодветни документи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Фондот за здравствено осигурување, вадење на потврди и уверенија итн.)
Застапување во граѓанските предмети при постоење на граѓански спорови (застапување во парничната, вонпарнична и извршната постапка пред надлежните судови)
Составување на сите видови на преддоговори и договори (Договор за купопродажба, Договор за дар, Договор за доживотна издршка, Договор за физичка делба, Договор за деловна соработка, итн)
Застапување во постапки пред државните управни органи и пред Управниот суд во управно – судските спорови, како и застапување во постапки пред нотарите, извршителите и медијаторите, синдикатите и стопанските комори
Составување на соодветни акти и застапување во постапки по нотарски и судски платни налози како и во постапки пред извршителите
Регистрација, промени и ликвидација на трговски друштва и други видови на правни лица пред Централниот Регистер на РСМ
Составување на правни акти за потребите на јавно правните и приватно правните лица (акти за систематизација и организација, колективни договори, статути, правилници, одлуки, решенија и други видови на правни акти)
Застапување при водење на преговори и при мирно – вонсудско решавање на спорови.