Адвокат М-р Владимир Бангиевски е основач на Адвокатската канцеларија и професионално се занимава со адвокатура од нејзиното основање во 2003 година.

Адвокат М-р Владимир Бангиевски е роден во Скопје, 1978 година, каде го завршува Основното образование во 1992 година. Истата година се запишува во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – правен смер, кое го завршува во 1996 година со највисоки оценки, како Правен техничар. Во академската 1996/97 година се запишува на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, кои ги завршува во 2000 година со висок просек на положени испити (09.01).

Веднаш по дипломирањето, во истата 2000 година, започнува со својата адвокатска кариера како адвокатски приправник, а по завршувањето на приправничкиот стаж, во 2003 година го положува Правосудниот испит и истата година станува самостоен Адвокат, основајќи ја Адвокатската канцеларија.

Во 2001 година, го продолжува своето образование на последипломски студии на Правниот факултет при Универзитетот во Белград, Република Србија, кои ги завршува со одбрана на темата „Злоупотреба на правото“ во 2007 година и се здобива со научен степен – магистер по правни науки.

Во периодот од 2003 до 2009 година е ангажиран како соработник/демонстратор по предметот „Социологија на правото“и „Политичка социологија“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје каде учествува во едукација на студенти на додипломски студии.

Адвокат М-р Владимир Бангиевски во текот на својата професионална кариера учествувал во работат на проекти, учесник е на бројни семинари, конференции и други професионални и научни собири, а автор е и на научни и стручни трудови, како и добитник на бројни признанија како и на сертификати. Во своето работење покажува лидерски и тимски способности. Посебно се истакнува во застапувањето во граѓански судски постапки и спорови и е експерт од областа на граѓанското право.

Зборува неколку странски јазици.

Живее и работи во својот роден град Скопје.